×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Казнети дел од матичните лекари - препишувале повеќе антибиотици

    16.02.2015 10:54 | KumanovoNews

    Над 40 отсто од матичните лекари во Куманово, деновиве се казнети од Фондот за здравство, бидејќи во првото тромесечје од 2014 година препишале повеќе антибиотици од дозволеното.

    Казнети дел од матичните лекари - препишувале повеќе антибиотици

    Казните за матичните се движат од 200 до 1000 евра. Од Здружението на матични лекари Куманово бараат надлежните на годишно ниво да прават порамнување, но и да имаат разбирање, бидејќи не по своја вина лекарите ја надминуваат квотата на препишани антибиотици.

    “Кај лекарите има големо незадоволство и многу лекари планираат да почнеме со штрајк, со тоа што неколку денови нема да пишуваме антибиотици. Владата оваа година им прости на граѓаните кои земале кредити или не плаќале сметки со години на ЕВН, и затоа и на докторите кои ја надминале квотата треба да им прости. Треба да поминат 5 години за да се види кои лекари ја надминале квотата, не може 50 отсто од лекарите во Македонија да ја поминале квотата. Друга работа е што пакувањата на лековите во Македонија се многу мали. Да речеме еден сируп се троши за 3 дена, а ако болеста трае 10 дена матичниот треба да препише 3-4 пакувања додека да му помине на пациентот. “ - вели Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово.

    Лекарите ќе бидат казнети со одбивање на пари од капитацијата која ја добиваат од Фондот за здравство.