Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација до Министерство за економија на Кина и нивен претставник во Македонија, ја посетиле општината Старо Нагоричане и разговарале за можностите за идна соработка.
Гостите се сретнале со градоначалникот Миодраг Јовановиќ, кој го презентирал туристичкиот потенцијал на општината, бањата Стрновец, а биле разгледани и можностите за идни инвестиции во општината во областа на искористување на обновливите извори на енергија.
Гостите ја посетија Мегалитската Опсерваторија Кокино и Црквата Св. Ѓорѓи.
Општина Старо Нагоричане со своите потенцијали има приоритет за развивање на туризам и искористување на изворите за обновлива енергија, како едени од основните правци за Локален економски развој на Општината.