×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наместо да ги решава локалните проблеми Максо изигрува голем патриот, вели Левица

    16.12.2022 13:29 | Сузана Николиќ

    Додека Куманово седи со раскопани улици и се гуши во отровна магла, градоначалникот Максим Димитриевски не превзема ништо околу локалните проблеми на граѓаните и е влезен во евтина популистичка кампања, каде изигрува „голем патриот“, иако до вчера немаше никаков проблем ни со Препанскиот договор, ни со договорот со Бугарија, истакнаа членовите на Левица Куманово, пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиумот Јован Крајевски кои беа во посета на Куманово, на средба со своите членови и симпатизери.

    Наместо да ги решава локалните проблеми Максо изигрува голем патриот, вели Левица

    „Внатрешните борби на криминалните крила на СДС кои октроираниот премиер Димитар Ковачевски не може да ги заузда, во Куманово најмногу доаѓаат до израз. Лажниот патриот Максо, кој претходно беше дел од антидржавните и криминални политики на Заев, сега треба да дејствува како „амортизер“, на масовното осипување на СДС од членови и симпатизери. Неговата т.н. партија го собира „талогот“ од отфрлените функционери на СДС, во очаен обид да ги организира во некаква структура, пред престојните парламентарни избори“, посочи Крмов.

    „Македонскиот народ е антифашистички народ. Националното и класното ослободување се неповратно поврзани и со прифаќањето на францускиот предлог, духот на антифашизмот е разбуден и нема назад. Левица непречено расте и заедно со македонскиот народ ќе ги надмине овие тешки времиња“, истакна Крајевски.