×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе има зимско сметање на времето- часовниците викендов ќе ги вратиме еден час наназад

    26.10.2022 10:36 | KumanovoNews

    Ќе остане зимското сметање на времето како и досега, односно в недела стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час. Владата на денешната седница одлучи да не се продолжи и в зима со летно сметање на времето, туку во последната недела во октомври да стартува зимското сметање како што се практикуваше и досега.

    Ќе има зимско сметање на времето- часовниците викендов ќе ги вратиме еден час наназад

    Оваа одлука е донесена врз основа на проценката на Министерство за економија направена во соработка со Министерствата за финансии,  за внатрешни работи, за образование и наука и за труд и социјална политика, со Агенцијата за електронски комуникации, Бирото за метрологија, Стопанската комора, Управата за хидрометеоролошки работи, Стопанската комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет во Скопје.

    „Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија“, се вели во соопштението на Владата.