×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе нема нови уписи во градинките, мнозинството во Советот не даде согласност за поголем број на деца во групите, обвини СДСМ

    17.07.2023 14:16 | Оливера Пешевска

    Мнозинството во Советот на Општина Куманово на претпоследната седница гласаше против предлог-одлуките за измена на статутот на Детската градинка „Ангел Шајче“, за давање согласност за планот за вработување за 2024 година и согласност за поголем број на деца во воспитните групи во установата.

    Ќе нема нови уписи во градинките, мнозинството во Советот не даде согласност за поголем број на деца во групите, обвини СДСМ

    Советниците од советничката група на коалицијата на СДСМ денеска на прес конференција обвинија дека одлуката да не се даде поддршка на овие три точки е тенденциозна пресметка со неистомилениците во јавните установи на штета на граѓаните.

    „Ова значи дека од месец септември ќе нема нови уписи на деца, граѓаните ќе бидат оневозможени да ги запишат своите деца во градинка, како оние кои се на листа за чекање така и оние кои за прв пат имаат поднесено документи за упис на нивните деца“, истакна советникот Александар Јовановски на прес конференцијата.

    Тој појасни дека присутноста во градинките по објекти не надминува 60 отсто од запишани деца, па предлог решението имало за цел да овозможи да се запишат што поголем број на деца поради интересот на родителите, со оглед на тоа што нема доволно детски градинки во општината.

    „Во Куманово недостасуваат детски градинки. Како за потсетување, Димитриевски ветуваше пред 6 години дека ќе биде првиот градоначалник што ќе изгради детска градинка в Куманово. Пред неполни две години тој и неговото здружение исто така ветуваа изградба на 3 нови детски градинки, а истото го ветуваше и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ . И покрај тоа што Владата има обезбедено средства за изградба на градинка во општина Куманово, очигледно е дека овие изборни ветувања се само обична лага и популизам“, кажа Јовановски.

     Тој смета дека мнозинството во Советот, составено од Наше Куманово, ВМРО-ДПМНЕ , Левица, Алијанса и Алтернатива, ја опструираат работата на институцијата само затоа што со години наназад работи успешно.