×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се испитува кој го запалил македонското знаме во населбата Железничка станица

    19.06.2024 15:10 | KumanovoNews

    Кумановската полиција извршила увид на местото каде што било пријавено дека е запалено македонско знаме и се испишани  графити.

    Ќе се испитува кој го запалил македонското знаме во населбата Железничка станица

    Полицијата постапила по пријава на граѓани дека на објект на приватна фирма во близина на Железничката станица во Куманово биле испишани графити и било поставено албанско знаме. 

    „Исто така, полициските службеници од СВР Куманово утврдено дека на барака на месна заедница спроти Железничката станица биле испишани графити и дека било изгорено државното знаме на Република Северна Македонија. Увид извршила екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.