×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се набават возила за гаснење на шумски пожар и ќе се реконструира Противпожарниот дом преку проект на СИПР

    05.01.2023 13:28 | Оливера Пешевска

    Со грант на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада ќе се набават три нови возила за гаснење на шумски пожари и ќе се реконструира зградата на Противпожарната служба во Куманово.

    Ќе се набават возила за гаснење на шумски пожар и ќе се реконструира Противпожарниот дом преку проект на СИПР

    Проектот „Заштита и превенција од пожари во микро регионот“ ќе се реализира преку Центарот за плански развој на Североисточниот регион (СИПР) во партнерство со општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. 

    „Ќе се набават три возила за шумски пожари од кои две ќе припаднат на Куманово, а едното на Ранковце, комплетна ХТЗ опрема за пожарникарите, нови чизми, ракавици, шлемови, одела за интервенција. Во Куманово дополонително ќе се сменат старите врати на гаражата за возила на противпожарната служба, прозорците во гаражата, грејни тела за истиот простор најверојатно на пелети како енергетско-ефикасен и еколошки начин за загревање за да се избегне замрзнување на водата наменета за гасење“, изјави Младен Протиќ, директор на Центарот за развој на Североисточен плански регион.

    Вредноста на проектот е 21,644  милиони денари или 360 илјади евра. Министерството учествува со 11,942 милиони денари, а Швајцарската развојна агенција со 9,702 милиониденари неповратни средства. Проект треба да се реализира до крајот на годината.

    Североисточниот регион аплицирал на повикот со три предлог-проекти, по еден од Куманово, Кратово и Крива Паланка.

    „По втор пат се формира една грантова шема за „Одржлива инклузива - равномерен регионален развој“ на која сите 8 регионални центри од Македонија аплицираа со по 2-3 проекти. Се аплицираше по швајцарски модел прегу регионални форуми на кои учествуваа лица од општинската администрација, невладиниот сектор, јавниот сектор и бизнис заедницата. Имаше околу 60 луѓе на секој од двата форуми и од повеќе предлози избрани беа 3 проекти со кои аплициравме за финансиските средства“, истакна Протиќ.

    Во конкуренција биле предлозите за реновирање на старата кино-сала во Кратово, каде би проработел туристички инфо-центар и место за разни културни манифестации, изградба на Авантура парк на локалитетот Калин Камен во Крива Паланка и кумановскиот предлог за реконструкција на зградата на противпожарна заштита и набавка на нова против пожарна опрема.

     На двата одржани форуми имало предлози и за отварање на Лајф хаб, центар за квалификација и доквалификација преку стекнување знаења за занаети кои се во изумирање, изградба на откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи, развивање на дигитални пристапи, инфраструктура, капацитети за развивање на алтернативен селски туризам, еко патеки и тн.