×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се поправат оштетените и ќе се постават нови семафори на раскрсницата кај „Рим-Париз“, тврдат надлежните

    07.06.2024 14:53 | Теодора Стоевска , Оливера Пешевска

    На раскрсницата кај поранешниот ресторан „Рим - Париз“, меѓу булеварот „3 МУБ“ и улицата „Народна револуција“ во Куманово, денеска започнаа градежните работи за поставување на  нови и  поправка на старите семафори, по пишувањето на Кумановоњуз и реакцијата на граѓаните. 

    Ќе се поправат оштетените и ќе се постават нови семафори на раскрсницата кај „Рим-Париз“, тврдат надлежните

    Надлежните велат дека интервенцијата предвидува монтирање на нови стеги, анкери, електрика, бетонирање и други интервенции за да семафорите се стават во целосна функција. Работници од утринава работеле и бетонирале на две места каде недостасуваат семафори.

    „Кога се работи за оштетувања предизвикани од сообраќајни незгоди или несреќи мора да се чека на официјалниот записник подготвен од СВР Куманово. Потоа, ако има можност се поднесува барање за обештетување до осигурителни компании, и тоа е процедура која трае извесен период, па и не сме во можност побрзо да реагираме“, објаснува Момчило Јовановски од Секторот за комунални работи, правдајќи се зошто доцни замената на семафорите.

    Фирмата која е задолжена за одржување на семафорските раскрсници во градот „Електро Софт Инженеринг“ од Скопје, поради застареноста на моделите на постојните семафори има проблем и со обезбедување на резервни делови или потполно нови семафори. Познавачите објаснуваат дека електричната инсталација е застарена и амортизирана, но и со помала моќност за да може да поддржи функционирање на нови, современи модели. 

    Граѓаните револтирано реагираа деновиве и бараа од локалните власти да го реши проблемот, да ги поправи семафорите на една од најфреквентните раскрсници, во близина две училишта.

    Семафорите се исклучени од поодамна, а граѓаните тврдат дека не работтат веќе три месеци, поради сообраќајна несреќа, по што на 16 мај на сајтот на Општина Куманово беше најавено дека тие набрзо ќе бидат поправени.

    Сообраќајот на раскрсницата помеѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Доне Божинов“ се регулра со семафори, кои од утринава се повторно вклучени по 10-дневен прекин на нивната функција.