Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од кошаркарскиот клуб Куманово, упатуваат благодарност до публиката која на синоќешниот натпревар Куманово-МЗТ Скопје, даде огромна подршка на домашниот тим.
И покрај поразот од МЗТ, играчите и раководството на клубот ветуваат дека во иднина ќе дадат се од себе, повеќе да не ја разочараат публиката.
Во салата имаше над 5000 љубители на кошарката. Величенствен и незаборавен беше моментот кога нашите изграчи излегоа на терен. Спортската сала се тресеше од скандирање и овации. Таква публика може само да се посака, а моментот да се доживее и никако да се опише. Затоа и ветувам на публиката дека ќе дадеме се од себе во наредниот период да не ги разочараме, туку да им вратиме со победи кои ќе ги оправдаат нивните очекувања,- вели претседателот на клубот Бане Јовановски.
Тој ги повика останатите граѓани да им се придружат на преостанатите натпревари во лигата.