Мени

Притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост за осомничените за перење пари и изнуди во Куманово

07.11.2026 08:43 | KumanovoNews

Основниот кривичен суд Скопје одреди два затворски и еден куќен притвор, како и една мерка на претпазливост на осомничените од кумановската група кои се товарат за злосторничко здружување, перење пари и изнуда.

Притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост за осомничените за перење пари и изнуди во Куманово

„На осомничените Д.П. и М.К. е определена мерка притвор во траење до 30 дена, поради постоење на опасност од бегство, опасност од повторување или довршување на кривичното дело, како и опасност од попречување на истрагата со влијание врз сведоци. За осомничениот Л.К., прифатен е предлогот и е определена мерка куќен притвор, додека за осомничениот Д.Ж. се определени мерки за претпазливост, и тоа одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа за преминување на државната граница“, соопшти Судот.

Со предлогот на Јавното обвинителство е опфатено и уште едно лице, кое во моментот е недостапно за органите на прогонот.