Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една од најреномираните продавници за рачни часовници Клокси нуди попусти до 50 % на сите производи, по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата ќе трае до први септември, кога сите часовници и накит ќе се продаваат по намалена цена.
Почетокот на учебната година е посебен период за секој од нас. По тој повод Клокси нуди попуст до 50 проценти на сите производи. Со комбинација од часовник, накит или очила за сонце потрошувачите ќе добијат екстра цена. Во понудата имаме и детски часовници. Клокси сака да им излезе во пресрет на учениците, а на оние кои излегле од ученичките клупи, да ги врати во времето на училишните подготовки - изјави Дарио Андоновски, сопственик на Клокси.
Семејна традиција која трае повеќе од 30 години е вржана за брендот Клокси.
Покрај успешната работа во часовничарскиот занает, Клокси со отворањето на вториот дуќан покрај брендираните рачни часовници нуди италијанско сребро и Сваровски елементи.
Клокси се појавува во почетокот на осумдесетите години, а продавницата на улица Ленинова непрекинато работи од 1986 година. Во часовничарскиот занает најпрвин влегол татко ми, а подоцна јас го наследив. Клокси е семејна традиција која освен продавање, врши и сервис на лице место на стари часовници, автомати и механизми - вели Андоновски.
Производите на Клокси од минатата година можат да се најдат на уште една локација, кај таканаречените Скопски дуќани.
Многумина не се запознаени дека во вториот дуќан освен часовници имаме сребро, Сваровски кристали и очила за сонце. Имаме ексклузивно италијанско сребро, а часовниците се од брендовите Festina, Fossil, Casio, Esprit, Ferrucci, Diesel и Jaga. - додава Андоновски.
Од Клокси ги повикуваат сите граѓани на Куманово да ги посетат нивните салони и да ги искористат сезонските попусти и изненадувања.