Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалната канцеларија на УЈП спроведе уште една обука за сметководители и книговодители во просториите на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
На предавањето на сметководителите им беше укажано дека од 1 јануари месечните даночни обврзници ќе мора електронски да поднесуваат, ДДВ пријави, а тромесечните ДДВ обрзници истото ќе го вршат од 1 јули 2013 година. За електронски даночен пренос е потребен дигитален сертификат.
- УЈП прави семинари секоја среда низ цела Македонија, односно онаму каде што имаме даночни одделенија. На интернет страната на УЈП има постојано известувања. Има упатства за адаптирање, регистрацијата, миграцијата на е-даноците. Сето тоа може на многу лесен и едноставен начин да се направи на страната или во даночните канцеларии на УЈП - рече Маре Данкова, регионален портпарол на Дирекција на УЈП Штип.
Досега во Куманово беше спроведена ваква обука пред повеќе од месец дена.