×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Книжевна вечер со Ана Бунтеска во Куманово

    24.09.2022 08:29 | Сузана Николиќ

    Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечерва /сабота/ со почеток во 18 часот ќе се одржи „Книжевна вечер со Ана Бунтеска“. 

    Книжевна вечер со Ана Бунтеска во Куманово

    Ана Бунтеска е родена во Скопје, своето детство го поминува на релација Скопје-Битола-Прилеп а во последно време и Охрид. Таа е поетеса која длабоко навлегува во поривите на душата, а професионално е брокер. Нејзиниот татко е познат новинар Лазо Бунтески за кој таа смета дека е од генерацијата на новинари кои ги поставиле темели на вистинското, професионално новинарство. Ана Бунтеска има пасија кон стари книги, просториите кај баба и биле полни со „купишта книги“, таа особено е горда на сопствената библиотека, и се воодушевува на пожолтените страници. Има објавено три книги поезија: „Колку е потребно за среќа“, „Стави лајк на сопствениот живот“.  Поетесата Ана Бунтеска е добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“, наградата ја доделува Фондацијата за  културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

    Настанот е дел од Годишната програма за презентација, популаризације и афирмација на книжевноста, поддржана од страна на Министерство за култура. Настанот ќе биде збогатен со музика на пијано од младиот музичар Јован Цветкови.