Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечерва во 18 часот ќе се одржи Книжевна вечер со Катeрина Јовчевска.
Книжевната вечер ќе биде исполнета со презентација, промоција и популаризација на три книги од авторката: "Заробеник во сопствениот живот", "Живеј го животот со восхит", и збирка поезија на англиски јазик "Something like love".
„Со овој проект се заокружува низата проекти од годишната литературна програма за 2022 година, одобрени од Министерство за култура. Со овој настан воедно го одбележуваме и празникот на градот "11 Ноември"“, информираат од Центарот за култура.
Катeрина Јовчевска е родена во Малме, Шведска, основно и средно образование завршила во Куманово, каде и денес живее и твори.