Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓеорѓиевски вечерва еден час пред истекот на рокот, ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Куманово на престојните локaлни избори.
Истовремено беше поднесена и листата на советници предводена од Драган Петковски.
Ние сме подготвени да започне едно ново владеење на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата за подобра Македонија и ќе создаваме едно ново Куманово, кое ќе биде подобро место за живеење-изјави Георгиевски.
На новинарски прашање како ја оценува одлуката на СДСМ да ги бојкотира локалните избори и дали тоа ќе значи полесно освојување на власта, Георгиевски одговори:
Ние сме подготвени за реален и регуларен натпревар, така да таа одлука не не радува и не е во интерес на граѓаните на Куманово и Република Македонија. Таа одлука не е фер кон граѓаните на општина Куманово.
Носителот на листата Петковски се заблагодари на подршката на партијата и вети дека ќе се заложи за развој и просперитет на градот.
На листата во првата петорка се Валентина Јовановска, Борислав Додевски од СПМ, Злата Божиновска и Бобан Јаќимовиќ од ДПСМ.