Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Количините што во моментот се испорачуваат преку главниот цевковод не се доволни за потребите на граѓаните, па неопходно е да се стави во функција индустискиот вод и т.н. бај пас, кои ќе обезбедат дополнителни количини вода.
Последнава недела повторно се актуелизира проблемот со водоснабдувањето во градот. Високите температури предизвикаа зголемена потрошувачката на вода и одредени делови на градот останаа без притисок. Количините што во моментот се испорачуваат преку главниот цевковод не се доволни за потребите на граѓаните, па неопходно е да се стави во функција индустискиот вод и т.н. бај пас, кои ќе обезбедат дополнителни количини вода.
Од Водостопанство велат дека алтеренативните водови сеуште не ги пуштаат затоа што се оштетени, и се губат големи количини на вода. Тие не можат да ги поправат заради лошата финасиска состојба, која е предизвикана од големите долгови на ЈП“Водовод“ кон нив. Неможејќи сами да се справат со проблемот, бараат помош од градоначалникот и Советот на Општината.
Дотур на вода е невозможен, бидејќи имаат големи оштетувања на водовите и се губат огромни количини на вода при нивното пуштање. Тоа се потврди минатата година. И сезоната за наводнување е одложена за да се собере поголемо количество вода. Треба да се интервенира навреме, а не да се чекаат кризни моменти. Апелираме и бараме Општината, Советот и градоначалникот, најитно реално да ги согледаат состојбите и како основачи да го натераат Водовод да си ги исполни обврските. Доколку не се палти долгот и не се поправат водовите Водостопанство нема да врши испорака на вода на Водовод - изјави Филип Филиповски, директор на Водостопанство “Кумановско - липковско поле“.
Од ЈП“Водовод“ велат дека не се работи за стари цевки, туку дека Водостопанство бара покачување на водата од 2,2 на 4,2 денари по кубен метар. Според нив дотурот на вода во другите градови се наплаќа од 0,7 до 3,2 денари по литар, и затоа предложената цена за нив е неприфатлива.
Нема никаков дефект, само има кражби. Цевководите работеа до 15 септември. Се потпишува договор за да се исплатат пари од “Водовод“ на Водостопанство. Апелирам да го пуштат цевководот за да нема проблеми во високите зони на градот. Тие имаат обврски кон земјоделците на кои им треба наводнување. Дополнително ќе платиме, но не по таа цена која ја бараат. Најпрво да го пуштат индустрискиот вод. Дотур од 30 до 40 литри во секунда ќе биде доволен за нормално водоснабдување - објаснува Божиновски.
Претходните години цевководите обично Водостопанство ги пушташе околу 15 април, но годинава прво се чека да се постигне договор со “Водовод“. Акумулациите од кои градот добива вода се полни со 18 милиони кубика вода, но водата треба да се користи рационално, апелираат од двете претпријатија.