×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кога ќе заврши експропријација на земјиштето ќе се гради патот Новосељане-Косматец-Мургаш

    06.08.2020 08:03 | KumanovoNews

    Во тек е експропријација на земјиштетео во селата Новосељане-Косматец-Мургаш, по што ќе започне изградбата на патниот правец помеѓу овие три села, со средства од Светската банка, кои ги обезбеди Министерството за транспорт и врски преку проект за доделување на неповратни средства за подобрување на локалната инфраструктура во државата, велат од Општина Куманово.

    Кога ќе заврши експропријација на земјиштето ќе се гради патот Новосељане-Косматец-Мургаш

    „Тој пат досега не е асфалтиран затоа што сe` уште е во тек постапката за експропријација. По завршување на постапката и добивање на е-дозвола, ќе следува тендерска постапка, па дури тогаш би можело да се почне со реализација“, изјави раководителот на Секторот за комунални работи, Момчило Јовановски.

    Изградбата на патниот правец се актуелизираше во јавноста по укинување на автобускиот превоз до селата Новосељане, Косматац и Мургаш, откако жителите обвинија дека една од причините поради која останаа без автобус е и затоа што не им е асфалтиран патот до селата, па превозниците не сакаат да си ги амортизираат возилата.

    „За патот од 5 км беше ветено од Општина Куманово дека треба да се направи, но од реализацијата нема ништо, а и тоа е една од причините поради која превозниците ги укинуваат автобуските линии“, рече Марина Петковска.

    Општина Куманово минатата година најави асфалтирање на четири локални патишта со пари од Министерството за транспорт и врски преку проект за доделување на неповратни средства за подобрување на локалната инфраструктура во државата. Меѓу проектите беше и патниот правец Новосељане-Косматац-Мургаш во должина од 5 километри, како и локалните патишта Романовце - Пчиња, Доброшане -Биљановце и Режановце-Речица.

    Со асфалтирање на овие патиште ќе се подобри инфраструктураната поврзаност помеѓу селата, како комуникацијата со градот.

    Парите се обезбедени од Светска банка во висина од 70 милиони евра, и според утврдена методологија, секоја општина ќе има на располагање точно утврдени средства што ќе може да ги искористи за изградба и санација на локални патишта.

    Единствено, општините ќе имаат обврска да достават готови ревидирани проекти и да извршат експропријација на земјиштето за да може да ги користат овие средства.

    (Ф.Марковска)