×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кој ќе ги избрише навредливите графити?

    28.01.2014 09:25 | KumanovoNews

    Графити со навредлива содржина, политички пораки и логоа на партии се ишкртани насекаде низ градот.

    Кој ќе ги избрише навредливите графити?

    Луѓето кои го уништуваат јавниот простор не бираат место каде ќе ги остават своите пораки или плакати, па сведоци сме дека ги има на стамбени згради, деловни објекти, куќи, споменици, плоштадот... Колку местото е пофреквентно ефектот е поголем и целта е постигната, сметаат граѓаните и бараат грдата слика што побрзо да се отстрани.

     Јас живеам на “Октомвриска револуција“ и таму на 3 згради има графити. Тие се претежно партиски. Тоа е лоша слика. Скоро имав гости од Белград и тие се чудат. Кажуваат дека кај нив ги има само на определени места, на мост, на некој одреден објект - вели Новица Гичевски, граѓанин.

    Помладите сметаат дека во градот има убави графити кои се уметнички направени, но има и такви кои се само шкртаници и не личат на ништо.

     Ако има некоја убава графика, букви убаво исцртани тогаш е во ред. Тоа ќе биде интересно, сите ќе го гледаат и никому нема да пречи. Ама сешто пишуваат луѓето, што ќе им текне. Сум видела и во Скопје дека има многу графити - кажа Аида Амети, граѓанин.

    Од секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово објаснуваат дека со дозвола на надлежните на градскиот кеј или на некоја друга локација може да се пишуваат графити со уметничка содржина.

     Има места каде можат да се прават такви графити, да речеме на кејот на река Кумановка. Меѓутоа тие графити треба да се одобрени и нивната содржина да биде одобрена од надлежните институции. Пишувањето на тие графити се прави во вид на акција. Во централното градско јадро не смеат да се пишуваат графити без нечие одобрение - изјави Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор.

    Акции за чистење на графитите обично се прават во пролетните месеци, додава Лазаревска.