Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Координаторот на советничката група на СДСМ, Александар Јовановски, денеска ги праша надлежните во Општина Куманово, кој дозволил да работи затворениот базен, ако привиот човек на претпријатието Даниел Стојчевски тврди дека тој е технички неисправен.
„Ако е вистина дека базенот бил недовршен, технички неисправен и со пропусти во изградбата, за што како што и самиот кажа постои тужба, јавно прашуваме како е можно цело време да работи ? Дали некој од корисниците на услугите на овој базен се изложени на опасност и кој ќе сноси одговорност ако се потврди дека овие обвинувања се вистинити“, праша Јовановски.
Во однос на неплаќањето обврски кон УЈП од страна на ЈП „Чистота и зеленило“, поради што објектот бил даден под залог, Јовановски вели дека надлежните треба да се запрашаат во чие време тоа се случувало.
„Кога веќе се споменуваат поранешни и сегашни функционери на СДСМ да каже кој бил директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во тоа време, и каде се наоѓаат сите кадри што го менаџираа претпријатието и базенот, вклучувајќи го и него во последните десетина години? Дали неговите претходници работеле домаќински и чесно и дали побарал одговорност за нивната работа“, кажа Јовановски.
Општина Куманово преку Програма за училишен спорт треба му ги префрли на ЈП „Чистота и Зеленило“ 8 милиони денари додека базенoт е затворен, поради што од СДСМ се прашуваат дали оваа програма на учениците навистина се спроведува или постои само на хартија.
Јовановски најави дека утре на седница на Совет ќе ги постави истите прашања, затоа што се работи за капитален објект од јавен интерес за граѓаните на Куманово