Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До каде сте со печатењето на учебниците за основно и средно образование? Учебната година отпочна одамна, но Вие, како по обичај и овојпат создадовте хаотични и безизлезни состојби во образованието.
Впрочем, на очиглед на севкупната македонска јавност потрошивте огромна сума за скрипти, наместо за учебници, а и овие скрипти ги нема во доволен број за сите ученици. Во која друга европска земја властите ги оптоваруваат учениците, родителите и наставниците со вакви и слични грижи и непријатности?”, праша на денешната прес-конференција Тања Ивановиќ, професорка по германски јазик, членка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на Денот на учителот - 5 Октомври.
Таа се интересираше и зошто се дозволи учениците сведителствата да ги добијат на почетокот на новата учебна година, а за наставниците не беа организирани обуки по сите предмети, согласно новата Концепција за основно образование.
„ За ова и за сите други недоследности , одговори и одговорност мора да има. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и исполнителна политичка партија, секогаш сериозно пристапуваме кон изнаоѓање решенија за сите проблеми, вклучително и тие создадени и напластени во ресорот образование и наука“, додаде Ивановиќ.
На крајот упатија честитка до сите вработени во училиштата.