Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово отвори кол центар за потребите на семејствата кои ги напуштаат своите домови и имаат потреба да бидат згрижени.
Центарот е сместен во просториите на општината Куманово, а раселените семејства можа да се пријавуваат и во Црвен Крст и основното училиште 11 Октомври, каде дежурна служба ќе вршат прифат на раселените.
Сите семејства кои имаат потреба од сместување или било која друга помош и проблем, можат да дојдат директно или да се јават на телефонските броеви 031 475-830 и 475-800. Според нашите можности ќе ги сместиме на пунктовите кои се предвидени за таа намена, - велат од општината.
За сместувачки капацитети ќе бидат искористени училишните спортски сали во 11 Октомври, Кочо Рацин и Христијан Карпош.