Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голем одзив имаше на крводарителската акција за роденденот на Тоше Проевски што ја организираше здружението на граѓани „Коледари„.
До 13 часот беа собрани над 30 единици крва, а уште дваесетина граѓани чекаа да се вклучат во акцијата.
Акцијата започна во 11 часот и до сега имаме собрано над 30 единици крв. Можеме да кажеме дека акцијата е успешна, бидејќи одзивот на крводарителите сеуште трае- вели Љиљана Славковска, трансфузиолог.
Од почетокот на годината Заводот за трансфузиологија и Црвениот крст организирале три крводаритески акции и болницата располага со доволни количини крв. Кумановци се едни од најхуманите граѓани во државата и бројот на крвадорители постојано се зголемува.
Во акцијата покрај членовите на здружението Коледари учествуваа и вработените во фирмите во индустриската зона Карпош, Дирекцијата за заштита и спасување и граѓани.
Акцијата се организира шеста година по ред, и како и на минатите години, доста е посетена. Задоволни сме од одзивот, бидејќи ова го правиме за граѓаните кои им е неопходна крвта. Во изминатите години коладарите имаат собрано над 2000 единици крв- вели секретар на Коледари Марко Спасовски.