×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите го најавија раѓањето на Христос

    06.01.2013 15:32 | KumanovoNews

    Во Куманово, денеска по 13 пат се одржа прославата на Бадник, традиционална манифестација што ја организираат членовите на Здружението Коледари.

    Коледарите го најавија раѓањето на Христос

    По сите православни обичаи, коледарите утринава прво заминаа во цркавата „Свети Никола„, каде беше преземено кумството и со пајтон, музика и песна пристигнаа на платото пред Центарот за култура. Оваа година кум на Бадник е Ромео Ивановски.

    Посебна чест е да бидеш продолжувач на традицијата на својот народ. Мене ми претставува големо задоволство што токму јас сум кум на коледарските денови. Улогата на кумот е да биде што повесел и убаво да се одбележи Христовото раѓање - изјави Ивановски.

    Тринаесет години по ред членовите на здружението ја пренесуваат традицијата на помладите. Прославата трае два дена, коледарите прво заминаа во селото Орашац каде ги набраа дабовите гранчиња, а наредниот ден на Градскиот плоштад.

    Ние, оснивачите на здружението сме многу горди што успејавме да ја вратиме традицијата, но не само овде во градот, туку и во селата што ги посетуваме. Бројот на граѓаните што ни се приклучуваат, а особено младите, секоја година е се поголем и тоа покажува дека сме ја постигнале целта. Погодивме во вистинскиот момент што му недостасуваше на народот и горди сме што наметнавме една традиција да се прославува вака во секое маало и во секоја уличка. Да се палат бадникови огнови, да се делат божиќни подароци, празникот да се слави секаде. Голема благодарност на сите што ни дадоа подршка, посебно на медиумите да истраеме во она што го започнавме пред 13 години - изјави Мирослав Доневски,претседател на здружението Коледари.

    Покрај топла ракија и овошје, граѓаните што беа на прославата си зедоа и осветени бадникови гранчиња за дома.