×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите го прославија Бадник на Градскиот плоштад во Куманово

    06.01.2023 13:37 | Оливера Пешевска

    Членовите на Здружението на граѓани чувари на традицијата “Коледари“ и граѓаните денеска го прославија Бадник на Градскиот плоштад во Куманово.

    Коледарите го прославија Бадник на Градскиот плоштад во Куманово

    На традиционалната прослава која го најавува Христовото раѓање присуствуваа голем број на граѓани, кои го искористија сончевото време да се прошетаат низ градот и да земат бадникови гранчиња. Кум на годинешната прослава е Дарко Радевски.

    „Очекувам кумството да донесе здравје, среќа и бериќет на сите граѓани на Куманово, и да завладее мир во светот. Овие манифестации се се организираат да не се заборави традицијата, верата и идентитетот на нашиот народ“, изјави кумот Дарко Радевски.

    Прославата на Бадник започнува со посета на црквата Свети Никола, каде што се сече славскиот колач и се врши примопредавање на кумството, а потоа поворката поминува по улиците во централното градско подрчаје и завршува на градскиот плоштад.

    Меѓу гостите во црквата беше и Диана Гиноски од Омиш во Хрватска, која има кумановско потекло, и голема желба да дојде на Бадник во градот на нејзиниот татко.

    „Прв пат сум на прослава со коледарите и многу ми е интересно. Овде е многу поразлично од обичаите кај нас во Хрватска. Се е многу повесело. Бев на берење на гранчињата, денеска сум тука во црквата и ќе заминам на плоштадот да видам како се делат гранчињата. Топло препорачувам секој да присуствува на вакво доживување и прослава на Бадник“, вели Гиновски.  

    Оваа година бадниковите гранчиња коледарите ги набраа во селото Колицко.