×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите славеа во Орашац

    05.01.2013 15:36 | KumanovoNews

     Коледарите денеска го посетија селото Орашац, каде со зурли и тапани со мештаните ја започнаа бадниковата веселба,  а беа осветени и дабовите гранчиња.

    Коледарите славеа во Орашац

    Домаќините на сред село гостите ги пречекаа со посна трпеза, пити, овошје, а коледарите им посакаа повеќе венчавки и крштевки во селото. Бадниковите гранчиња, кои денеска беа осветени, утре напладне бесплатно ќе им бидат поделени на граѓаните на Градскиот плоштад.

     Досега сите овие години не сме имале случај лошо време да ни се погоди. Дојдоа од град двеста луѓе во село Орашац. Ги има тука и младите, има заинтересирани, треба на нив да им ја пренесеме традицијата. Ова го правиме во селата бидејќи тие се запоставени, руралните средини - објаснува Киро Соларски, секретар на здружение “Коледари“.

    Кумот Ромео Ивановски рече дека атмосферата и луѓето се прекрасни, дека и утре славењето на Бадник треба да продолжи во исти стил.

     Нека им е среќен празникот на сите христијани во Македонија. Утре масовно ќе излеземе на плоштад, од тука одиме во црквата Свети Никола, па пак се враќаме на плоштад. Граѓаните веќе знаат како тоа се случува години наназад. Драго ми е што јас сум еден од поддржувачите на таа убава кумановска традиција. Во текот на годината се преговара, се договара кој ќе биде кум за следната година, не се носи одлука наеднаш - изјави Ивановски.

    И жителите на Орашац беа презадоволни од прославата и од улогата на домаќини.

     Ова за нас е повторно раѓање како Исус Христос што се родил, и ние исто. И порано исто сме правеле некои обичаи, ама како сега не било. Бидејќи коледарите ни дојдоа од Куманово и ние од овде излеговме, убаво беше. Само старите и болните не излегоа - вели Миле Маринчев, жител на Орашац.

    На прославата учествуваа млади играорци од “Срма“. На настанот се појави градоначалникот Зоран Дамјановски и независниот кандидат за градоначалник Виктор Цветковски. Пред и по завршување на прославата коледарите со македонски знамиња продефилираа низ градот.