Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението „Коледари - чувари на традицијата“ од Куманово утре ќе ги берат бадниковите гранчиња во селото Колитско.
„Традиционално започнуваме со активности поврзани со празникот на Христовото раѓање Божиќ. Набраните бадникови гранчиња ќе бидат осветени и подоцна, на Бадник, ќе бидат поделени на минувачите на градскиот плоштад во Куманово. Повторно упатуваме повик до кумановчани да се вклучат во нашите активности за помасовно, подоинствено и свечено одбележување на големиот христијански празник“, изјави Петар Спасовски од здружението „Коледари“.
Зборно место на коледарите е Коледарскиот дом во населбата Карпош утре во 9.30 часот. Поаѓање кон Колитско е закажано за во 10.30 часот. Повикот е отворен и за сите заинтересирани граѓани кои можат и сакаат да се приклучат кон традиционалната акција. Нема организиран превоз и сите треба да се погрижат да си обезбедат сопствен превоз до локацијата.
Бадниковите гранчиња се симбол на долговечноста и верниците ги закитуваат влезните врати на домовите или ставаат по некое гранче на масата на свечената бадникова вечера.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk