×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Колевски: Продолжува реконструкцијата на Соколана, а ќе се реконструира и Градскиот стадион

    07.10.2021 15:06 | Сузана Николиќ

    Враќање на кумановскиот спортски дух, овозможување терени и опрема за поттикнување на спортските активности како и ревитализација на градскиот храм на спорт - Соколана се едни од главните приоритети на иницијативата „За наше Куманово” застапени во изборната програма, истакна Филип Колевски, кандидат за советник во идниот Совет на општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на денешната прес конференција.

    Колевски: Продолжува реконструкцијата на Соколана, а ќе се реконструира и Градскиот стадион

    „За наше Куманово“ ги најавува следните приоритетни проекти, градење на нови модерни спортски терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште и во секоја урбана или месна заедница, каде што во моментот нема. Целосна реконструкција на надворешниот и внатрешниот дел на спортската сала, реконструкција на комплексот  Соколана и Градскиот стадион. Исто така, спортскиот комплекс во поранешен Дом на АРМ ќе се реконструира во мултифункционално игралиште со тартан подлога, спортска опрема, реквизити и реконструкција на трибини. Ќе изградиме мото крос патека за адреналински спорт со моторцикли. Нашиот град е олимписки град, град на спортот каде со спроведување на овие проекти ќе се унапредат условите за развој на спортот”, додаде Колевски.

    Колевски барајќи ја поддршката за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски под реден број 80, како и за независната советничка листа под реден број 61 со носителот Ивана Ѓорѓиевска, истакна дека граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има за цел да ги реализира сите предвидени проекти од програма, кои покрај што се реални и корисни, се и  остварливи.