Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два пати годишно повеќето основци посетуваат музеи, а при секоја екскурзија се обрнува внимание учениците да ги видат важните културно - историски споменици.
Основците ги посетиле музејот во Куманово, скопските музеи, музеите во Виница и Берово. Во програмите за 4 и 5 одделение се вметнати екскурзии низ Македонија. На ваков начин децата го надополнуваат знаењето кое го стекнале по историја, географија, ликовна уметност.
Секогаш кога има нова поставка ние ги водиме учениците со цел да ги развиваат своите културни навики. Покрај посета на музеј, одат во Центар за култура и во Уметничка галерија кога има изложба. Во Куманово во музејот сме биле со сите генерации на ученици. Има родители кои работат во музејот и не известуваат, не покануваат да ги посетиме. За децата се интересни предметите од минатото, од старите ископини. Интересна беше поставката кога имаше градска облека. Се распрашуваа за бакарните и глинени садови за што служеле. Го видоа и процесот на ткаење - раскажува Хилда Димитриевска, одделенски наставник во ОУ“Крсте Мисирков“.
Мерилин Стојчевска, директор на ОУ“11 Октомври“ вели дека нивните ученици се чести посетители на Музеј Куманово, се најавуваат за да ги пречека кустос, и да им објасни какво значење имаат експонатите.
Од ОУ“Вук Караџиќ“ објаснуваат дека и децата од нижите и вишите одделенија посетуваат музеи со своите наставници.
Ученици од 4, 6, 8 одделение на екскурзија имаат посета на музеј било да одат во Источна или Западна Македонија, зависно од рутата. Секако дека сме го посетиле и Музеј Куманово. Искуственото учење е многу добро, така полесно се учи на лице место - вели Надица Петровска, директор на ОУ “Вук Караџиќ“.
Одредени музеи во државата направија ликовни работилници со децата за да привлечат што повеќе посетители.