500x100-1
21. 10. 2019 15:25

Колку жители има Општина Куманово?

Колку жители има Општина Куманово?

Според податоците во статистичкиот годишник, кој го објави Државниот завод за статистика на Република Северна Макаедонија, во Општина Куманово, во иминатата година се регистрирани 105.484 жители.

Од вкупниот број на население, според етничка заедница најмногу има Македонци со 63.746, потоа Албанци со 27.290, исто така има регистирано и 9.062 Срби, 4.256 Роми, 147 Власи, 292 Турци, 20 Бошњаци и 671 жител коишто во статистиките се водат под останато.

Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година на ниво на Општина Куманово има 1085 новороденчиња, додека пак починати лица има 980, а меѓу нив 3 новороденчиња.

Склучени бракови има 631, додека пак разведени бракови има 61.