Мени

Наум Додевски го фати светиот крст во Крива Паланка, во водите на Крива Река скокна и градоначалникот Митовски

19.01.2026 16:20 | KumanovoNews

Крива Паланка и годинава достоинствено и во духот на вековната православна традиција го одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Наум Додевски го фати светиот крст во Крива Паланка, во водите на Крива Река скокна и градоначалникот Митовски

Празникот, кој го симболизира Христовото крштевање во реката Јордан и осветувањето на водите, беше проследен со силни пораки на вера, заедништво и духовност.

Меѓу верниците кои скокаа по светиот крст  во Крива Река беше и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, покажувајќи личен пример на почит кон православните обичаи и традиции. Неговиот чин беше поздравен со аплаузи од голем број граѓани и верници кои присуствуваа на настанот.

„Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом“, порача градоначалникот Сашко Митовски по завршувањето на настанот.

Настанот на Водици беше проследен од бројни граѓани, а по фрлањето на светиот крст, Општина Крива Паланка организираше празнична прослава за сите присутни. Беа бесплатно поделени над 4.000 порции пивтија, како и топли пијалоци и скара, а настанот беше збогатен со пригодна музичка програма.

Посебен белег на празничната атмосфера даде и настапот на Ленче Кукиќ, која со своите изведби внесе радост и автентичен народен дух, обединувајќи ги сите генерации.

Крива Паланка и оваа година ја одбележа Водици со вера, со срце и заедно со народот, почитувајќи ја традицијата што со векови се пренесува од генерација на генерација.

Никола Митовски