Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Интереното одделние во Општа болница Куманово, од 1 декемви ќе се вршат колоноскопски прегледи, со задолжителен упат од лекар-специјалист, а термините ќе бидат достапни на апликацијата „Мој термин“.
„Набавен е нов дијагностички апарат, а во Куманово доаѓаа лекари специјалисти од Универзитеската клиника за Гастроентерохепатологија од Скопје. Кај нас обучена за вршење на прегледи е д-р Емилија Тодоровска, која ќе продолжи да ја пружа услугата на пациентите од североистокот, но и сите други наши пациенти кои за во Куманово ќе добијат термин за преглед“, изјави директорката Биљана Ивановска.
По воведување наа операција на катаракта на очното одделение и лабораториски тестирања со методот "Бенетеч пра-софтвер" за пренатален скрининг во биохемиската лабараторија, ова е трета во низата новини кои ги воведува Општа болница Куманово.Со тоа ја прошируваат услугата која ја пружаат на пациентите со современи технолошки апарати.
Раководството на болницата ветува проширување на дејноста од различни медицински гранки.