Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една жена е повредена во верижна сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на клучката кај бензинската пумпа Роси Петрол.
Сообраќајката е предизвикана околу 18 часот, додека автобусот со патници стоел на коловозот на раскрсницата со цел да сврти кон населбата Пуковско. Тогаш одзади во него удриле автомобил пасат со кумановски регистарски таблички и комби со битолски таблички.
При тоа е повредена сопатничаката во пасатот која со возило на Брза помош била пренесена во болницата.
Во сообраќајната несреќа причинета е голема матерјална штета на автомобилот пасат и комбито.
Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.
(фото архива)