×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Комисијата за заразни болести препорача јавната администрација да продолжи да работи од дома

    29.01.2021 20:43 | KumanovoNews

    Вработените во државната и јавната админстрација и понатаму да работат во смени, дома или во ротации, препорача Комисијата за заразни болести иако Владата одлучи на 1 февруари да се вратат на работните места.

    Комисијата за заразни болести препорача јавната администрација да продолжи да работи од дома

    Комисијата исто така препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и да продолжат да работат до 21 часот.

    Министерството за здравство вели дека на денешниот состанок Комисијата дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на ковид-19.

    „Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите. Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати“, вели Министерството.

    Кафеаните и кафулињата од 18 декемрви до 21 јануари работеа до 18 часот, а од 21 јануари до 21 часот. Независната угостителска комороа постојано апелира дека се во криза и бараат работното време да се продолжи до 23 часот.