Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Целовечерен концерт под наслов „40 години со Нино и песни, љубов и вино“ ќе биде одржан по повод јубилејот на познатиот пејач Нино Величковски. Концертот ќе се одржи во понеделник, на 6 ноември, со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура во Куманово.
На концертот се најавени многубројни еминентни гости и богата програма која е планирана да трае повеќе од 2 часа.
Водител и аниматор на програмата е актерот Горан Илиќ-Гиле, а на поканата да учествуваат во одбележување на јубилејот се одѕвале многу колеги на Величковски.
„Ќе настапат Виолета Томовска, Маргица Антевска, Наум Петрески, Перо Христов, Александар и Дац. Како музичка придружба ќе свират „Пријатели“ бенд составен од наши локални музичари, специјално создаден за ова прилика. Тука се и групата Боеми од Битола, Наши Тамбураши од Куманово, групата Табиет од Свети Николе и секако Октетот Куманово од каде потекнав и јас како изведувач“, истакнува Величковски.
За овој настан Општина Куманово издвои 50 илјади денари.