Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
НУЦК Трајко Прокопиев од Куманово распиша конкурс во рамки на проектот „Скици 2022“, чија цел е да се промовира цртежот кој се изработува од академските сликари од Куманово.
Конкурсот за оваа година ќе биде отворен до утре- на 25 ноември.
„Сите заинтересирани уметници можат да достават до три цртежи, но по избор на организаторот не мора сите дела да бидат вклучени во селекцијата. Условите имаат ограничување само во форматот на скицата, кој не треба да е поголем од 100x70 см. Темата и техниката се по слободен избор на творецот. Академските сликари кои творат и живеат во Куманово имаат право на учество“, информираат од НУЦК Трајко Прокопиев.
Од избраните дела ќе биде организирана изложба во Домот на културата, во првата половина на декември,а подоцна ќе биде прикажана и во други градови од државата. Организацискискиот дел за пропаганда,печатење на каталог,опремување на цртежите со рамки и слично го спроведува НУЦК Трајко Прокопиев .По завршување на проектот сликите ќе бидат вратени на авторите.
За подетални информации сите заинтересирани можат да се јават во Домот на Културата.
Проектот „Скици 2022“ е финансиран од Министерствот за култура на РС Македонија,а е во организација на НУЦК Трајко Прокопиев.