×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август

    05.08.2021 10:38 | Сузана Николиќ

    Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, е продолжен до 12 август.

    Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август

    „Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да направи избор на најдобрите кои ќе го спроведат попишувањето на терен, го продолжи јавниот конкурс за пријавување и ги повикува сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk“, соопштуваат од Државен завод за статистика.

    Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

    Останатите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила.