Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Контејнерите за собирање на смет на ЈП „Чистота и зеленило„ се почесто се палат. Несовесни граѓани фрлаат пепел со неизгаснати жарчиња, кои го потпалуваат истурениот смет.
Вчера пожар избувна во контејнер пред Музичкото училиште. Густ чад ја обвитка целата улица, а пламенот излегуваше над металниот сад. Граѓаните кои ги паркирале своите возила до контејнерот ги тргнаа, плашејќи огнот дa не се прошири на улицата или да дојде до експлозија на запаливи материи. Огнот гореше повеќе од еден час, додека не го видоа вработените кои го собираат сметот и го однесоа контејнерот да го изгаснат огинот.
Од јавното претпријатие велат дека ове е честа појава во зимскиот период, особено во населбите каде семејствата се грејат на дрва, и апелираат до ѓраѓаните да водат сметка за да не дојде до поголеми последици, ако огнот се прошири.