Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во центарот на градот пред Музичкото училиште „Панче Пешев„ за да се задоволат потребите на граѓаните и околните продавници поставени се три контејнери за депонирање на смет.
Но, наместо во контејнерите отпадот главно е расфрлан на тротоарот. Несовесните граѓани го истураат ѓубрето покрај празните контејнери. Сметот го разнесуваат животни, а поради високите температури претставува потенцијален извор на зараза за сите кои поминуваат покрај него.