Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ноќеска од полноќ до 4 часот, полицијата во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и УЈП, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во осум градови на 185 локации.
Вкупно се констатирани 8 прекршоци, од кои на подрачјето на СВР Куманово се три. Еден е за присуство на малолетници после 00.00 часот, како и два прекршока по Законот за лична карта.
За присуство на малолетници после 00.00 часот, прекршоци има и на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Велес и СВР Тетово.
При контролите во Скопје, бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во с.Арнакија.