×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коронакризата го зголеми бројот на разводи во Куманово - нетрпеливоста најчеста причина

    28.06.2020 12:15 | KumanovoNews

    Зголемен е бројот на бракоразводни постапки за време на коронавирусот во Куманово, во споредба со истиот период од минатата година.

    Коронакризата го зголеми бројот на разводи во Куманово - нетрпеливоста најчеста причина

    Претходната година во месеците март, април и мај, во Центарот за социјални работи во Куманово биле регистрирани вкупно 18 постапки или во просек од еден до два случаи неделно, додека пак годинава за време на овие три месеци биле регистирани 24 бракоразводни постапки, во просек од две до три неделно. Најголем дел од постапките биле покренати од економско независни млади брачни парови, кои биле во заедница од две до три години.

    Од Центарот за социјални работи во Куманово, велат дека најмногу постапки за развод стигнале од сопружници од 25 до 45-годишна вораст, а почесто постапките ги покренувале жените. Најчестите причини за развод, во ова време на вонредна состојба, се неисполнувањето на обврските на партнерот кон другиот партнер и децата, меѓусебно непознавање и недоволен капацитет за да се адаптираат на новонастанатата состојба.

    „Најчестите проблеми кои беа наведувани како причини за развод во ова време беа, нетрпението, конфликтите, недоразбирањето, осетливоста и исполнувањето на обрвските на родителот спрема потребите на партнерот и децата, воспитните ставови и непознавањето на партнерот. Неподготвеност и капацитет да се справат со ново настаната состојба и адаптирање кон истата. Ние најпрво, вршиме  советодавна работа на брачниот конфликт се` со цел запознавање на нивниот потенцијал за спроведување на мировна постапка. Доколку процениме дека нема можност за продолжување на брачната заедница и истите дадат своја изјава на записник со која ќе го потврдата истото тогаш се покренува постапката“, вели Елизабета Ангеловска, социјален работник во Центар за социјални работи во Куманово, за Кумановоњус.

    Таа додава дека почести се разводите од градот отколку од село. Причината за неподигање на постапката од порурални средини не е само заради тоа што жените се плашат, туку и поради тоа што не се економски независни.

    Процентот на покренати бракоразводни постапки од Македонија во споредба со соседните држави, е речиси ист. Вонредната состојба во Македонија беше прогласена на 18 март.

    (Ф.Марковска)