×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коски и мрша на тротоар

    03.09.2012 13:33 | KumanovoNews

     Коски и изнутрици од животно, денеска напладне беа фрлени на тротоарот пред Музичкото училиште „Панче Пешев„ на влезот на Дописниот центар.

    Коски и мрша на тротоар

    Несовесен граѓанин од околните куќи или касапница,  ги донесе коските со количка и наместо во контејнер ги истресе покрај него. Ѓубрето зафати половина од тротоарот и  од него се ширеше неподнослива миризба. Граѓаните затнуваа нос за да поминат или се враќаа назад за ја избегнат грозотијата.

    Оваа е секојдневна слика покрај контејнерите на оваа улица. Луѓето се толку безобразни и некултурни што ги мрзи сметот да го фрлат во контејнер, туку го оставаат на тротоар. Секој  ден газиме по растурено ѓубре, но ова ги премина сите граници. На оваа жештина да оставиш коски и мрша на тротоар, тоа е вон памет - велат еден револтиран граѓанин.

    И родителите кои денеска ги водеа децата во Музичкото училиште се згрозени од она што го видоа на тротоарот. Го заобиколуваа местото за да ги заштитат децата од смрдеа и мувите кои летаа на сите страни.

    Децата зараза ќе ни фатат. Сега му кажувам на детето да оди од другата страна на улицата, да не приоѓа до контејнерот. Овде и тротоарот не е асфалтиран, па не може да се измие кога ќе се собере ѓубрето. Ужас! - вели една мајка.

    Случајот беше пријавен во инспекциските служби кои излегоа на терен и извршиа увид. Екипа од ЈП „Чистота и зеленило„ ги собра коските и мршата.

    Ова не е прват покрај контејнерите да се фрла отпад од животни. На тротоарот редовно има црева и чкембира кои ги разнесуваат мачки и кучиња по целата улица.