×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Костовски: Глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ

    27.10.2021 19:21 | Жаклина Цветковска

    Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата и во јавните претпријатија, ако тој победи. Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето. Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес конференцијата Марин Костовски , пратеник од СДСМ од Куманово.

    Костовски: Глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ

    Тој посочи дека за вториот круг Димитриевски добил и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и дека на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат - Оливер Илиевски.

    „Максим Димитриевски, кој лажно се претставува како социјадемократ, е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово. Во недела добро размислете и донесете одлука. Дали во Куманово ќе продолжи да победуваа социјадемократијата,правдата и еднаквоста или ќе дозволиме нашиот град да го преземе режимот преку инсталацијата наречена Максим Димитриевски? Дали ќе се избориме против ова подметнување или ќе дозволиме градот да стане приватен имот на  Димитриевски“, рече Kостовски. 

    Пратеникот од СДСМ потенцира дека Куманово секогаш било на вистинската страна, секогаш пркосело на режимите и неправдите и дека така ќе биде и овојпат.

    „Да се обединиме во недела и повторно пред целата држава да покажеме како победува социјадемократијата, прогресивноста, победува сплотеноста. Да гласаме за број 12, да гласаме за Оливер Илиевски, да гласаме за Куманово да продолжи да биде бастион на социјалдемократските вредности“, повика Костовски.