Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово и пратеник, Мартин Костовски, покрена иницијатива за собирање на потписи за поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој вчера даде оставка од партиската и премиерската функција по поразот на вчерашните локални избори.
„Од утре (вторник) почнуваме со собирање на потписи во ОО СДСМ-Куманово, за поддршка на претседателот Зоран Заев за лидер на СДСМ. Утре почнуваме од Куманово, а нека продолжи во сите општински организации низ државата. Со наш потпис, поддршка за Заев за лидер на СДСМ“, објави Костовски.
Тој вели дека како претседател на ОО СДСМ-Куманово, иницијативата ја покренува заради недвосмислена и безрезервна поддршка Заев да остане на лидерската позиција во СДСМ, бидејќи искрено и чесно, одговорно и храбро во овие 5 години работеле за Македонија и за СДСМ.