Костовски стана пратеник, се повлече од директорското место од Службен весник
11.08.2020 12:47
| KumanovoNews
Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски се повлече од директорското место од Службен весник, бидејќи стана пратеник од редовите на СДСМ и колацијата „Можеме“ по одржаните парламентарни избори.

„Мојот ангажман како пратеник следните 4-ри години ќе биде ставен во функција на Куманово и кумановци“, - рече Костовски.
Вршител на должност директор на Службен весник ќе биде Татијана Лалчевска.