×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Костовски во самоизолација поради контакт со Лукаревска

    01.06.2020 12:58 | KumanovoNews

    Директорот на „Службен весник“ и кадидат за пратеник Мартин Костовски, ќе биде биде во 14-дневна самоизолација, поради тоа што вчера бил во контакт со директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    Костовски во самоизолација поради контакт со Лукаревска

    Костовски информира дека веќе се тестирал и се надева дека тестот ќе биде негативен.

    „И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот КОВИД-19, поради контактот со другарката Сања Лукаревска која е позитивна на вирусот. За среќа немам никаков симптом и се надевам дека нема да бидам позитивен. Следните 14 дена ќе бидам во самоизолација и обврските ќе ги вршам во домашни услови. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни, - вели Костовски.

    Костовски вчера присуствуваше на состанокот на регионалниот изборен штаб, а потоа имаа активности на терен со повеќе членови од општинската организација на СДСМ Куманово.