×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ковид одделенијата преполни со пациенти, слободни само 13 кревети

    08.04.2021 08:54 | KumanovoNews

    Деведесет пациенти заразени со ковид-19 лежат во модуларната болница и во ковид одделенијата во Општата болница Куманово, од кои 80 се на кислородна поддршка. Дополнително 104 пациенти се лекуваат во дневната болница.

    Ковид одделенијата преполни со пациенти, слободни само 13 кревети

    „Станува збор за огромна бројка. Имаме слободни места, но не се во голем број, само 13 кревети. Но, секој ден се отпуштаат пациенти, се примаат нови, добар дел се на дневна болница, меѓутоа нема да дозволиме да останат незгрижени. Пациентите со средно тешка и тешка клиничка слика. За жал, старосната структура е сменета во однос на предходните два брана. Сега може да се види, и од оние што чекаат за лабораториски анализи, за рентген дијагностика и за хоспитализација, дека има доста млади луѓе, од 30-40 години, а не како што беше порано од 60-70 и нагоре. 82 пациенти се на кислородна поддршка и дневно се троши минимум по една боца на секој пациент“, вели директорката д-р Снежана Захариева. , која апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.  

     Со 1150 активни случаи Куманово е прв град во внатрешноста по бројот на заболени од коронавирус. Денеска се регистрирани 87 новозаболени и тројца починати. Еден на возраст од 32 години и двајца на 52-годишна возраст. Досега вкупно се заболени 7351 лица.

    (С.Н.)