×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КПМ: Ќе бидеме позитивно изненадување на изборите

    14.04.2014 13:02 | KumanovoNews

     Коалицијата за позитивна Македонија за парламентарните избори ќе води кампања со директни средби со граѓаните и очекува резултати кои ги изненадат политичките опоненти.

    КПМ: Ќе бидеме позитивно изненадување на изборите

    Начинот на водење на политиката во нашата земја треба да претрпи позитивни промени, промени кои ќе ја насочат земјата во вистински правец.  Пристапот на КПМ на општинска организација Куманово во вториот дел од изборниот процес започнува теренски. Наметнувањето за идејата за големи митинзи, собири не е агенда на коалицијата. Планираме посетите со граѓаните да бидат директни и спонтани. Како трета политичка опција ќе бидемe најпријатно изненадување на овие предвремени парламетарни избори  - изјави Иван Арсовски, портпарол на КПМ Куманово на денешната прес-конференција.

    Од партијата изразија загриженост од ниската излезност на граѓаните во првиот круг на претседателките избори и  рекоа дека тоа е одраз на бипартизмот кој се форсира 20 години во Македонија.

    Ги повикаа граѓаните да им дадат поддршка на 27 април за нивната листа на пратеници.