×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крадци ги гаснат уличните светилки?

    05.12.2012 10:52 | KumanovoNews

    Граѓаните се жалат на ќор темнина кај зградата на Општината,  во населбата „Гоце Делчев„,  но и на периферијата на градот.

    Крадци ги гаснат уличните светилки?

    Деновиве сме сведоци дека во одредени делови на градот нема уличното осветлување. На ќор темнина по улиците се жалат граѓаните од централното градско подрачје, кај зградата на Општината и Судот, но и жителите од населбата Гоце Делчев, кај основното училиште „Кочо Рацин„.

      Од “Куманово - паркинг“,  кои се надлежни за одржување на уличното осветлување во градот,  објаснуваат дека проблемот е во честите дефекти,  но тврдат дека и крадци имаат разработено методи за да го изгаснат уличното осветлување.

    - Во одредени делови има прегорени светилки. Се работи за десетици светилки, кои не може се заменат наеднаш. Но има и крадци на кои им одговара да биде темно. Тие знаат како да ги изгаснат светлата. Имаат начин како да го онеспособат автоматчето на светликата да не свети и затоа можно е ноќе да бидат угасени, а дење да светат. Ние таквите случаи ги пријавуваме во полиција, но нема некој голем ефект. Ако има неправилности, граѓаните можат да пријавуваат на нашиот отворен телефон 415 009 - рече Трајче Трајковски, директор на “Куманово - паркинг“.

    Трајчевски објасни дека доколку се насобере прашина или пајажина врз автоматот за активирање на уличното осветлување, може да дојде до негово прегорување.

    И додека во одредени улици нема светло ни ноќе, во делот околу основното училиште Бајрам Шабани, светилките светат само преку ден. Како во песната за Нишка бања.