Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Крива река во селата Јачинце, Довезенце и Клечовце, вчера поплави 25 помошни објекти, десетина куќи и исто толку викендици.
Од Регионалниот центар за управување со кризи, велат дека во Јачинце настрадале најмногу, 25, помошни објекти, а жителите одбиле да бидат евакуирани, поради грижа за добитокот.
“Во село Клечовце поплавени се 7 викендици, земјоделско земјиште и патот Војник - Клечовце во должина од 800 метри. Во село Довезенце се зафатени 5 куќи и ниви. Во село Пчиња реката Пчиња се излеа на фудбалското игралиште, но нема поплавено куќи и други објекти и нема предизвикано поголеми проблеми“ - велат од РЦУК.
Од Министерството за здравство препорачуваат во поплавените населени места, доколку се користи вода од приватни бунари, истата да се преврие пред употреба.