×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава против двајца кумановци за фалсификување пари

    27.01.2021 09:25 | KumanovoNews

    СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) и Н.С.(32) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

    Кривична пријава против двајца кумановци за фалсификување пари

     Пријавените, на 22. јануари од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. Наредниот ден во периодот од 05.00 до 06.00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а парите ги трошеле на игри на среќа во казиното.

    Откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово. Од страна на полициски службеници од казиното се одземени 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои се одземени.